Ќоку: Рамиз Мерко е ставен на Стоп листа, одземен му е пасошот


Градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко од вчера е ставен на Стоп листата, а денеска му е одземен и пасошот. Ова го спречува неговото бегство во странство, изјавил Беким Ќоку, пратеник од ВЛЕН, пренесе ina-online.net

Во овој мандат против Мерко се поднесени 9 обвиненија, а во претходните три против него беа поднесени 14 кривични пријави, но само еден предмет беше процесуиран во струшкиот Основен суд.

Back to top button
Close