Олена Зеленска по критиките за позирање за „Вог“: Ова беше одлична можност

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, се огласи откако таа и нејзиниот сопруг Володимир Зеленски позираа за „Вог“ предизвикувајќи критики од многумина на социјалните мрежи.

„Ја користам секоја пригода да зборувам за Украина. Ова беше голема можност. Милиони го читаат ‘Вог’ и моја должност беше да разговарам директно со нив. Патем, не сум навикнатa на внимание. Сите се бориме и тоа е наша работа и јас морам да ја работам таа работа“, изјави Олена во интервју за Би-би-си.”

Таа додаде дека Украинците се стремат да живеат нормално во делови од земјата што се ослободени од руски војници.

„Дури и војниците им кажуваат на своите пријатели да одат на кафе, да гледаат филм, да уживаат во мирот што го имаат. Ние сме први овде што ви го даваме тој мир. Киев е мирен град, мора да продолжиме да работиме, дури и под ракетни напади, нема живот без развој, мора да продолжиме“, додаде таа.

За потсетување, Олена Зеленска се најде на насловната страница на најновото издание на „Вог“, а таа и нејзиниот сопруг Володимир Зеленски позираа за неколку фотографии во магазинот. Во интервјуто тие зборуваа за себе, за својот брак и за војната во Украина.

Секогаш сакав да бидам зад сцената, тоа ми одговараше. Тешко ми беше доаѓањето на светлата на сцената“, рече Зеленска.

Фотографиите предизвикаа многу коментари, пренесе „Индекс.хр“.

Back to top button
Close