Олена Зеленска: Русите киднапираа 19.000 деца, им зборуваат дека никој не ги чека, дека не им требаат на родителите
Олена Зеленска, првата дама на Украина, вчера ги повика светските лидери да помогнат во враќањето на украинските деца кои биле насилно однесени во Русија, каде, како што рече, биле индоктринирани и лишени од нивниот национален идентитет, пренесува Франс прес.
Зборувајќи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, Зеленска рече дека повеќе од 19.000 украински деца биле насилно префрлени или депортирани во Русија или на окупираните територии. Од нив досега се вратиле само 386.
„Во Русија им рекле дека на родителите не им требаат, дека на нивната земја не ѝ требаат, дека никој не ги чека. Им рекле дека повеќе не се Украинци деца, но дека се Руси“, рече таа Зеленска.