Олимписките игри во Париз, ќе бидат отворени со спектакуларeн карневал на бродови на Сена

Олимписките игри во Париз, 33-ти по ред, свечено ќе бидат отворени вечерва од 19:30 часот со спектакуларна церемонија со карневал на бродови на Сена.

За првпат во историјата свеченото отворање ќе се одржи на отворено, а за безбедноста на учесниците се грижат рекорден број од 45.000 полицајци.

Париз е домаќин по трет пат во историјата, по 1900 и 1924 година и му се придружува на Лондон, кој ги организираше Игрите во 1908, 1948 и 2012 година.

Организацијата на Игрите чини околу девет милијарди евра.

На Игрите учествуваат 10.714 спортисти, во 32 спортови, од 206 земји и територии, плус група спортисти кои ќе се натпреваруваат под знамето на МОК, како и тимот бегалци.

Поради војната во Украина, Русија и Белорусија не учествуваат.

Најбројни се Американците со 592 репрезентативци, потоа домаќините, Французите со 573, Австралијците со 460, Германците со 428, Јапонците со 403, Кина со 388, Шпанија со 383, Италија со 371, Велика Британија со 327…

Единствениот спорт што „дебитира“ е брејкденс.

Натпреварите траат до 11 август, а свеченото затворање ќе се одржи на стадионот „Франс“ во Сен Дени, предградие на Париз.

Back to top button
Close