ОН: Нападот на израелски доселеници врз палестинско село е „ужасен“

Обединетите нации денеска го осудија вчерашниот напад на еврејски доселеници врз палестинско село на окупираниот Западен брег, нарекувајќи го „ужасен“. Светската организација истакна дека ваквите напади обично остануваат неказнети.

„Ова беше нешто ужасно“, изјави Равина Шамдасани, портпаролка на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, на прес-конференција во Женева.

Таа додаде дека вчерашното убиство во Џит не е изолиран случај, туку директна последица на доселеничката политика на Израел на Западниот брег

Back to top button
Close