Џонсон: Ја преземам целата одговорност за владиниот одговор на Ковид-19
Џонсон беше критикуван откако изјави дека поединечни медицински работници не ги следеле процедурите за запирање на бројот на починати од последици од новиот коронавирус, а лидерот на опозициските лабуристи, Кир Страмер повеќепати бараше извинување од британскиот премиер.
Џонсон денеска во Парламентот изјави дека немал намера да ги обвини здравствените работници за тоа што се случи со пандемијата.
– Кога е во прашање преземање на вина, ја преземам целата одговорност за тоа што се случи. Една работа што никој не ја знаеше за време на пандемијата е дека вирусот се пренесува асимптоматски од човек на човек и затоа насоките и процедурите се сменија, посочи Џонсон.
Велика Британија е на трето место во светот по бројот на починати од последици од Ковид-19 со потврдени 44.391 смртни случаи. Во земјата вкупно регистрирани се 286.349 инфицирани луѓе.