Опозицијата во РС: Додик изврши изборна кражба, да се повторат изборите за претседател

Неколку илјади демонстранти се собраа во центарот на Бања Лука по повикот на опозициските партии.

Неколку партии бараат повторување на изборите за претседател бидејќи како што велат, постојат сомнежи дека на нивниот кандидат му се украдени гласови во корист на лидерот на владејачката СНСД, Милорад Додик.

Според податоците на Централната изборна комисија, по пребројувањето на мнозинството гласови, актуелниот српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, води во трката за претседател на ентитетот Република Српска со речиси 30 илјади гласа предност пред кандидатката на здружената опозиција Јелена Тривиќ.

Back to top button
Close