Општина Битола во соработка со НВО креира нов корисен простор во градот
Општина Битола во соработка со Фондација Преда плус, НВО „Баирска Светлина“ и урбаната заедница, „Димитар Влахов“ вршат реконструкција, замена на дограма и на електричната инсталација во истоимената урбана заедница.
Во градежната и инфраструктурната реконструкција вклучени се и јавните претпријатија Водовод, Нискоградба и Комуналец, информираа од тамошната локална самоуправа.
-Во проектните активности општината е вклучена со над 450.000 денари, а Швајцарска агенција за развој и соработка преку инфраструктирните активности ќе ги плати трошоците за реновирање во висина од 402.405 денари. На оваа локација во Битола реконструирано е игралиштето и е поставена метална ограда, опрема за кошарка, фудбал и ракомет, информираат од Општина Битола и додаваат дека дополнително е уредена околната со што добиен е нов корисен простор, за што вложени се 540.776 денари, финансиски средства од Совет на Европа преку програмата Ромактед.