Орбан ја нападна ЕУ: „Ќе заврши како СССР“


Војната пред нашата врата, финансиската криза и забавувањето на економијата во ЕУ, инвазијата на мигрантите од југ… мораме да се соочиме со многу проблеми, рече Орбан, уверувајќи дека неговата влада „силна и обединета“, ќе ја надмине голготата
Унгарскиот националистички премиер Виктор Орбан денеска го обвини Брисел дека тајно ја нападнал Унгарија со серија санкции против Русија, што тој ги смета за „бомба“ за економијата.

„Не сме загрижени за оние кои ја напаѓаат Унгарија од мрак, некаде од кулите во Брисел“,

рече тој во говорот одржан во Залаегершег на западот на земјата, по повод националниот празник со кој се одбележа 66-годишнината од Унгарската револуција против СССР во 1956 година.
Тие ќе завршат таму каде што завршија нивните претходници, додаде тој, предвидувајќи судбина за Европската Унија слична на советскиот блок кој се распадна во 1991 година.

Тој говор уследи по неговата најава дека ќе одржи референдум за европските санкции против Москва, што тој продолжува да ги критикува.

Во Будимпешта и низ целата земја беа поставени плакати со порака: „Санкциите од Брисел не уништуваат“.

„Војната пред нашата врата, финансиската криза и забавувањето на економијата во ЕУ, инвазијата на мигрантите од југ… мораме да се соочиме со многу проблеми,

рече Орбан, уверувајќи дека неговата влада „силна и обединета“, ќе ја надмине голготата.
Од почетокот на војната во Украина, Унгарија се обидува да ги зачува добрите односи со Кремљ за да продолжи да добива нафта и гас.

Орбан и годинава не ги собра своите поддржувачи во Будимпешта по повод националниот празник како досега, а професорите и студентите најавија голем протест.

По неколку години неисполнети барања, унгарските професори, кои заработуваат од 410 до 950 евра месечно, го кренаа својот глас во знак на незадоволство од декретот донесен во февруари со кој сериозно им се ограничува правото на штрајк. Од почетокот на учебната година веќе неколку пати се организираа масовни протести.

Back to top button
Close