Орбан во Виена ги повтори своите антиимигрантски ставови, но не спомна мешање на раси

 Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Виена повторно ги искажа своите антиимигрантски ставови, но не зборуваше експлицитно за нациите со „мешани раси”, поради што беше цел на остри критики низ Европа.

По средбата со австрискиот канцелар Карл Нехамер, Орбан инсистираше на, како што рече, потребата да се брани унгарската култура од надворешно влијание.

– Не сакам Унгарија да стане земја на имиграција и не сакам миграцијата да стане посилна во Унгарија. Отсекогаш сум го имал тој став и така ќе продолжам, ова нема никаква биолошка основа. Ова за нас не е расно прашање. Ова е културно прашање. Едноставно, нашата цивилизација треба да се зачува како што е сега, рече Орбан.

Десничарскиот унгарски премиер наиде на остри критики низ Европа откако говореше на митинг во Романија во саботата, каде рече дека европските земји со голем број мигранти, односно оние каде што се мешаат Европејците и неевропејците, „повеќе не се нации” туку „ништо повеќе од конгломерат на народи

Back to top button
Close