Орхан Бајрами-Оки од кланот Дуќанџик е ликвидираниот во Ханиоти
Грчките полициски органи досега не ги известиле официлијално, а не се соопштени се уште имињата ниту во грчката јавност.

Вооружениот напад се случил утринава околу 3:30 часот кога двајца убијци со мотор стигнале до жртвите пред апартман во Ханиоти и ги застрелале.

Бајрами бил главната цел и починал на лице место. Уште едно лице е погодено, а во нападнатата група имало уште еден македонски државјанин.
Грчките медиуми објавуваат дека нападот личи на мафијашка заседа за расчистување на нерешени криминални односи и цитираат неофицијални полициски извори.






