Орхан Муртезани предложен за министер за евроинтеграции


Поранешниот генерален директор во МЕПСО, Орхан Муртезани, е предлогот на Алтернатива за нов министер во Министерството за европски прашања. Лулзим Алиу е предложен за заменик министер во Министерството за образование и наука, а Сафије Садики Шаини за замничка на министерот во Министерството за етнички заедници.

„На денешниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива се разговараше за името на кандидатот на Алтернатива за министер во Министерството за европски прашања, притоа едногласно се одлучи кандидат на Алтернатива за овој ресор да биде Орхан Муртезани, поранешен Генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен Секретар за односи со јавноста и Портпарол на Алтернатива.

На оваа средба се разговараше и за кандидатот за заменик министер на Министерството за образование и наука, каде исто така едногласно се одлучи да биде проф. д-р Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски
политики во Алтернатива.На средбата се разговарало и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието.

„Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да има претседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседател на Алтернатива“ – информираат од партијата.

Back to top button
Close