Османи: 39 наши граѓани кои се наоѓаат во Свиндон, Велика Британија вечерва се враќаат во Скопје

Сите граѓани од Република Северна Македонија се безбедно евакуирани од Авганистан и се на пат кон СКопје, посочи министерот за надворешни работи Бујар Османи преку својот Фејсбук.
„39 наши граѓани се наоѓаат во Свиндон, Велика Британијa и се враќаат вечер за Скопје, додека во Осло, Норвешка се наоѓаат 7 наши граѓани од каде по неколкудневниот карантин, согласно епидемиолошките правила на земјите, ќе бидат упатени за дома; 27 наши граѓани се наоѓаат во воената базата на САД во Доха, Катар, чиј трансфер кон Европа сѐ уште не е одреден и се прават дополнителни напори и со катарските власти, и со администрацијата на САД, за нивно упатување скорешно упатување кон Скопје“, пишува Османи.






