Османи: Со францускиот предлог падна најрадикалниот поглед на Бугарија кон Македонија

Екс-министерот за надворешни работи и актуелен потпретседател на ДУИ, Бујар Османи повторно истакна дека заради францускиот предлог, кој произлезе Преговарачката рамка за Македонија со ЕУ, мораше да падне Декларацијата на Бугарија која вели e дека најрадикалниот поглед на официјална Софија кон Скопје.

-Луѓето не го знаат процесот на преговори-најважното прашање беше прашањето на јазикот. Буквално Бугарија не прифаќаше да стои формулацијата македонски јазик во Преговарачката рамка. Они го имаа добиено веќе преку договорот од 1999 година на (Љубчо) Георгиевски, потоа во 2017 година истата формулација. Првиот обид за да се тргне секоја додавка е во францускиот предлог и тоа за нас во МНР и Владата беше најголемото можно постигнување во прегoворите. Најтешкото прашање ние го добивме 100:0. На крај, ЕУ гласаше предлог во кој нема ниту додавка и сега некои да излегуваат и да кажат дека „вие сте продале нешто“, а кого во ЕУ е утврдена таа формулација, дури подобро од Договорот за добрососедство…а било патриотизам овие што го кочат процесот и ги тераат луѓето да одат во Софија и да земаат бугарски пасош, рече Османи во емисијата „Студио 10“.

Според екс-министерот, „мириса на Белград во софистицираната пропаганда“ и вели дека така бил почнат процесот.

Back to top button
Close