Османи за ТВ 24: Наша најсилна страна во спорот со Бугарија се европските принципи

Јуни или евентуално декември. Според министерот за надворешни работи Бујар Османи тоа се опциите за одржување на првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите со ЕУ, наместо август и септември зашто во септември ќе има кампања кај нас.

Во „24 анализа“ на ТВ 24 тој вели дека во анализата на сите настани, јуни, според него, изгледал како најдобра можност, но тоа што се случи во Бугарија, ја искомпликували и таа единствена шанса. Засега на маса е португалскиот предлог кој ние го проценивме како добра основа, но не и Бугарија. Смета дека тоа е предлог кој дава решение за сите чувствителни прашања.

Според него, нашата најсилна страна во спорот со Бугарија се принципите, не само нашите, туку и европските – правдата, демократските и цивилизациските вредности.

„Се обидуваме тие принципи да ги аргументираме и пред Бугарија и пред нашите пријатели. Правдата е само еден од принципите, но ги има многу принципи кои ја имаат заштитено европската идеја во последните 75 години. При сите бранови на ширење на ЕУ имало обиди за наметнување на билатерални прашања, за кочење на процесот, но секогаш унијата излегла посилна ри тие пречки и секогаш успеала. Тоа го направила врз основа на почитување на принципите“, вели Османи.

Back to top button
Close