Османи за величењето на Младиќ: Следејќи го преседанот во Белград, веројатно е Марта Кос да ја откаже посетата на Скопје

Потпретседателот на ДУИ и поранешен шеф на македонската дипломатија, Бујар Османи смета дека во Македонија има исти националистички испади како во Србија со величењето на починатиот воен злосторник Ратко Младиќ.

„Европската комесарка за проширување, Марта Кос, ја откажа планираната посета на Србија поради глорифицирањето на Ратко Младиќ. Истата националистичка болест се појави и во институциите на Северна Македонија.

Следејќи го преседанот во Белград, многу е веројатно дека и Марта Кос ќе ја откаже претстојната посета на Скопје. Европскиот стандард против глорифицирање на воените злосторници важи подеднакво и за Северна Македонија“, објави Османи на социјалните мрежи.

Кос нагласи дека враќањето на останките на Младиќ во Србија претставува потсетување на најтемните страници од поновата европска историја. Таа потенцираше дека пристапниот пат кон Брисел наложува соочување со минатото, вистинско помирување и безусловно почитување на жртвите.

„Вредностите врз кои почива нашата заедничка иднина не се предмет на преговори. Во овој контекст, решив да не ја реализирам планираната посета на Србија во овој момент“, порача еврокомесарката преку социјалните мрежи.

Кос на неформалниот министерски состанок во Даблин предупреди дека односот на официјален Белград кон погребот ќе влијае врз оценката за усогласеноста на Србија со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Телото на Младиќ, кој почина во Хаг на 85-годишна возраст, пристигна во Белград со владин авион на Република Србија. Во леталото патуваше и министерот за правда Ненад Вуиќ, заедно со членови на семејството на починатиот. Ковчегот на аеродромот го презедоа припадници на српската војска, по што беше пренесен на Военомедицинската академија

Back to top button
Close