Остин: Житото уништено од Русија би било доволно да се нахранат повеќе од 10 милиони луѓе за една година
Во последниве месеци, Русија продолжи да ги таргетира пристаништата во Украина и нејзината инфраструктура за жито, рече Остин.
„Овие напади досега уништија најмалку 280.000 тони жито. Тоа е доволно за да се нахранат дури 10,5 милиони луѓе за една година“, рече тој.
Остин додаде дека руските напади продолжуваат да ја загрозуваат глобалната безбедност на храната – и да ризикуваат непотребни хуманитарни кризи низ планетата.
Тој рече дека партнерите на Украина – речиси 50 нации во форматот Рамштајн – ќе продолжат да и даваат на земјата потребната помош за да се одбрани од руската агресија.
Остин, исто така, му честиташе на Рустем Умеров за нов министер за одбрана на Украина и му се заблагодари на Олексеј Резников, кој претходно го предводеше Министерството за одбрана на Украина.
извор: Цивил