Освен Скопје, „Лидл“ се проширува во уште седум градови: Брендот влегува со инвестиција вредна 300 милиони евра

Голем број на работни места и значителна поддршка за македонското земјоделство ќе донесе „Лидл“ со влегувањето на македонскиот пазар, смета портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Освен неколку маркети во Скопје, германскиот бренд ќе се прошири и во уште седум македонски градови. Инвестицијата е вредна 300 милиони евра, а во моментов се утврдуваат точните локации на маркетите кои ќе се отворат пред се во главниот град. Исто така, брендот со инвестицијата на македонскиот пазар, ќе се обврзе и да ги откупува домашните земјоделски и кондиторски производи, кои парираат на нивната политика за продажба во маркетите“, посочи Кузеска.

Меѓудругото, како што потенцираше Кузеска, оваа инвестиција ќе донесе и зголемен број на отворени работни места во сите градови каде ќе биде застапен.

Back to top button
Close