Осветлена новогодишната елка во Солун


Во Солун и официјално од вчера започна празничниот период со осветлувањето на 17-метарската новогодишна елка во присуство на градоначалникот Константинос Зервас и со концерт за присутните, јави дописничката на МИА од Атина.

Елката, исто како и лани, пристигна од планинско село од Халкидик, поставена е на плоштадот „Аристотел“ и с украсена со 100.000 светлечки лед лампиони.

Манифестацијата за осветлување на новогодишната елка ја отвори Филхармонијата на општина Солун, по што следеше и концерт на познат грчки пејач.

Солунскиот градоначалник, кој го притисна копчето за да се запалат сијаличките на елката им ги честиташе празниците на присутните и изрази благодарност до вработените во општината, како и до спонзорите кои ги поддржуваат празничните настани.

Back to top button
Close