Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година

Жена освоила повеќе од 200.000 евра на новогодишната ноќ во казино во Сен Мало, Бретања, Франција… Инаку, како што изјави вчера директорот на казиното, 40-годишничката ставила само 80 евроценти во автоматот.

– Таа е почетничка со коцкање и автоматите, и била на одмор со нејзината мајка. Таа освои 209.715,20 евра – што е втор најголем џекпот во ова казино од воведувањето на автоматите за игри на среќа пред 30 години!, изјави директорот на казиното „Бариер“ (Barrière), Франсоа-Стефан Верне.

Тој раскажува и како луѓето честопати и не сфаќаат што им се случува во такви мигови.

– Жената беше „малку изненадена“… Ја тргнавме настрана и ѝ понудивме чаша шампањ, рече тој.

Во истото казино, во 2011 година, играч освоил 425.000 евра вложувајќи 60 центи.

Back to top button
Close