Откриен идентитетот на починатиот кај ТИРЗ-Штип
Вчера (4 декември), во 09.30 часот, во Полициската станица Велес стасала пријава од У.К.(54) од село Горно Оризари, велешко. Тој пријавил дека неговиот братучед М.Г. (77) од истото село се оддалечил од неговиот дом. Според пријавеното, претходниот ден во 22.00 часот У.К. добил повик од неговиот пријател В.С. кој имал шлеп служба дека М.Г. му се јавил и му кажал дека со неговото патничко возило „Спарк” со велешки регистаски ознаки излетал во дупка на регионалниот пат Штип-Радовиш. Ноќта, по повикот, В.С. а потоа и пријавителот со неколку други лица, извршиле обиколки на патот, но не успеале да го пронајдат.
На 04.01. стаса и пријава до СВР Штип од лицето Т.М. дека негов вработен, во кругот на ТИРЗ – Штип, забележал на коловозот починато лице. Увидна група при ПС за БПС Штип и ОКТУПА при СВР Штип, заедно со ИМП Штип излезе на лице место и се констатираше дека се работи за лицето М.Г.
По насоки и овластување од надлежен ЈО при ОЈО Штип извршен е увид а телото е предадено за обдукција.