Откриена уште една масовна гробница во близина на Киев

Масовна гробница со тела на најмалку 20 цивили, вклучително и градоначалничката и нејзиното семејство, е откриена во близина на украинскиот главен град Киев како најнов доказ за руските воени злосторства.

Јамата е откриена во шума во близина на градот Мотижин, околу 35 километри западно од градот Буча, каде што е пронајдена друга масовна гробница, и ги содржи телата на локалната градоначалничка Олга Сухенко, која била погребана заедно со нејзиниот сопруг и син, според поранешниот амбасадор на Украина во Австрија, Олександер Шерба.

Телото на Сухенко било фрлено во набрзина ископаната јама заедно со најмалку 19 други, вклучително и семејства, од кои некои покажаа знаци на тортура. Според градоначалникот на блискиот град Копилив, Сухенко била пронајдена со скршени прсти и раце, додека жител на Мотижин рекол дека руските војници ги убиле сите украински функционери кои одбиле да соработуваат.

Градоначалничката и нејзиното семејство биле пријавени од други како киднапирани од Руси на 23 март и одведени во непознат правец.

Тоа е втора масовна гробница што е откриена откако руските војници се повлекуваат, откако во Буча беше откриена јама од 45 метри со тела на најмалку 57 цивили – град во предградието на Киев, каде што се пронајдени мртви стотици цивили. Гробницата била ископана во тревна област до задната страна на црквата „Свети Андреј“.

Сателитските снимки направени на 31 март, додека руските трупи сè уште ја контролираа областа, јасно го покажуваат постоењето на гробот – давајќи доказ за лагата што ја пласира Москва дека е ископан од украинските сили. Сателитската компанија „Maксар“ рече дека сликите направени уште на 10 март покажуваат какви се подготовките за изградба на јамата.

Дмитро Кулеба, министерот за надворешни работи на Украина, рече дека руските војници поттикнале „намерен масакр“ во Буча и ги нарече „полоши од ИСИС“. Фотографиите од земјата покажаа тела оставени да гнијат покрај патиштата, некои од нив со врзани раце, други натрупани врз автомобилските гуми како да се изгорени.

Снимките објавени од украинската војска покажаа нешто што изгледаше како „комора за мачење“ во зграда што ја користеа како касарна од руските војници во Буча. Телата на цивилите беа наредени до ѕид во подрумот, клекнати, убиени.

Преживеаните цивили рекоа дека некои тела оставени на улиците биле прегазени од руски тенкови и „згмечени како килими од животинска кожа“. Други објавија дека виделе војници како убиваат цивили пред нивните роднини.

Back to top button
Close