Отворен времениот премин Стрезимир – Рестелица на македонско – косовската граница

Министерот за внатрешни работи на РС Македонија Оливер Спасовски со неговиот Косовски колега Џелал Свечала и заменик премиерката  – Емилија  Реџепи,заменик премиерка  за малцински права на Косово  денеска го отворија времениот граничничен премин Стрезимир – Рестелица на Македонско – косовската граница .

На оваа активност присуствуваа и градоначалниците на општините Маврово – Ростуше, Дебар и Центар Жупа како и заменик премиерот на Косово

Министерот Оливер Спасовски изјави дека денеска заедно го одбележуваме почетокот на работа на времениот граничен премин

. ,,Оваа е 3 година што го отвараме овој граничен премин со цел лужето од двете страни на границата  полесно да минуваат ,особено  во овој летен период  кога и тие што се надвор , доаѓаат овде во родниот крај  и имаат потреба за развивање на искуства и пријателства . Оваа е начин  и порака  дека само меѓусебното поврзани  можеме да бидеме  подобри и економски и просперитетни ,, рече македонскиот министер  Спасовски и додаде дека преминот ке биде отворен до 1 септември .

На овој начин упатуваме  решителност и волја  на Владата на РС Македонија  да овозможеме услови и овој премин да го отвореме трајно, рече тој и додаде дека сега се работи и на подготовка на документација  за средување на патот  со што ке се создадат услови преминопт да работи трајно , што е во интерес на  двете држави како и на општините од овој пограничен  регион .

Инаку на времениот премин ке работи од 8 до 22 часот секој ден а правилата на минување на границата се исти како и на другите гранични премини со Косово . Се минува со пасош или лична карта , додека за автомобилиѕте треба да се поседува зелен картон .

Градоначалникот на општина Маврово – Ростуше , Медат Куртовски изјави дека отварањето на преминот Стрезимир -Рестилица е од големо значење како за неговата општината и општините Дебар и Центар Жупа така и за општина Драгаш . Преминот ке влијае многу и во однос на развојот на туризмот во овој прекресен предел .

Кенан Мимидиноски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close