Јовано, Јованке

Ај сега, дека се Албанци да не прашуваме и како се случило министерот за финансии Фатмир Бесими да потпише приватизација на државно земјиште во центарот на Скопје за 7 евра квадрат на градежникот Фатмир Етеми. Сè е по закон. Министерот Бесими вели дека приватизацијата е согласно Уредба донесена во 2011 година од Владата на Никола Груевски.
Од СДСМ велат дека цената на земјиштето спроти „Нова Македонија“ е формирана од Владата на ВМРО-ДПМНЕ со потпис на Никола Груевски и сегашната состојба е последица на нивното долгогодишно узурпирање на Центар. И најавија дека ќе ги сменат сите закони и уредби од ВМРО-ДПМНЕ кои уште предизвикуваат штета. Ајдееее. Кога?
 Шест години не ги сменија ни законите ни уредбите. На времето, критикуваа како се распродаваше државното земјиште. Ама кога дојдоа на власт си ги зачуваа истите прописи, оти им требаат. Наша банда – ваша банда. И сите им се криви.
И Груевски, и неутралните, и граѓанските здруженија, и зелените и Данела… Никој од тие што сега им се криви што ги изгубија изборите не го спречуваше СДСМ во шесте години власт да ги смени законите и уредбите. И што е најтрагично – уште не им е јасно каде им се изгубија гласовите на последните локални избори. Со овој памет, нема ни да им биде јасно.
Онаа дивоградба што ја загрозува безбедноста на Плоштадот Македонија во Скопје, а која Груевски и Субрата Рој ја промовираа и се крена како споменик на Мајка Тереза, треба да се прогласи за Споменик на неспособноста на СДСМ. Ако околните објекти со лажните барокни фасади се споменик на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш запуштеноста на срцето на главниот град, сосе бетонската грдосија насадена среде улица, ќе сведочи за неодлучноста и некадарноста на СДСМ.
Целата колумна на Горан Михајловски на сдк мк

Back to top button
Close