Јовески за ТВ 24: Ако пратениците сметаат дека можам да придонесам, ќе прифатам да бидам уставен судија
„Чест е да се биде уставен судија и тоа е највисокиот дострел на секој правник. Одлуката ја носат пратениците и доколку тие сметаат дека со моето долгогодишно правничко искуство во Министерството за правда, како судија и како претседател на Основниот суд Скопје 2, јавен обвинител, член на Совет на јавни обвинители и државен јавен обвинител, можам да придонесам во работата на Уставниот суд, ќе ја прифатам оваа одговорна функција“,
изјавил Јовески за ТВ24.
Уставниот суд е составен од 9 судии, но кон крајот на мај и почетокот на јуни мандатите им истекоа на тројца. Меѓу имињата кои претходно се споменуваа како фаворити беа генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и адвокатот Васко Талевски, но пред еден месец собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата не успеа да ги утврди кандидатите што потоа треба да ги избере собранискиот пленум. Името на Иванова тогаш предизвика остри реакции од ВМРО-ДПМНЕ поради нејзиниот политички бекграунд






