Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ – Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јуни во Скопје

Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а неочекувана

соработка – Пајак, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја промовираа песната „Делириум“.

„Делириум“ е само увертира за долгоочекуваниот концерт на Јован и Елвир во Скопје, кој ќе се

одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“, а на кој Пајак е најавен како еден од специјалните гости.

Песната е работена со добропознатиот и реномиран тим, кој работи на целиот албум на Пајак, а

како автори се јавуваат Пајак, Јован Јованов, Иван Јованов, Таско и Елвир Мекиќ, додека видеото

се снимаше на локација близу Скопје, во режија на Гордан Божиновски.

„После нашиот концерт, Пајак вади нов албум, а тој, Елвир и јас имаме задничка песна,

„Делириум“. Но, бидејќи нашиот концерт е наскоро, на 06.06, заедно решивме да ги изненадиме

сите и да ја пуштиме песната сега. Од луѓето што ја слушнаа веќе имаме коментари дека е

„заразна“ и дека веднаш влегува во уво, па се надевам дека кога ќе излеземе сите тројца на бина, и публиката ќе пее со нас“, вели Јован.

За потсетување, на концертот кој ќе се одржи на 6 јуни, публиката, покрај добро познатите хитови, ќе има можност премиерно да ја слушне и новата песна и да ги види заедно во живо тројцата музичари.

Освен Пајак, како гости се најавени и Тони Зен, Маја Саздановска, Адријан Гаџа, Слаѓа Делибашиќ и Џус, и специјален гостин – долгогодишен соработник на Јован и Елвир.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со многу емоции, хитови и сценска продукција каквашто ретко се гледа на домашната сцена.

За концертот е најавен и посебен дрес-код „Аll white“, односно сите посетители се повикуваат да бидат облечени во бело, со што и арената ќе добие уникатен визуелен изглед.

ЛИНК од видео:

 

Back to top button
Close