“Пајажина” на успешно опстојување на Ахмети во власта

Сите зачудено прашуваат како ДУИ (читај: Али Ахмети) останува толку долго на власт, но ретко кој се нафатил да направи суштинска и детална анализа. Не земајќи ги за основа другите аспекти за анализа, како на пример тоа што на македонските партии СДСМ-ВМРО би им бил потребен (би им послужил) не многу ефикасен, послушен и албански политички субјекткој може да се уценува, за да не се реализираат (или одолговлекуваат со децении и години) основните албански национални барања кои датираат од 1991 година, кога во Македонија почна да се применува повеќепартиско-демократскиот систем. Малкуте поединци, новинари, публицисти и теренски експерти, кои почнаа да се занимаваат со ова, ДУИ успеа да најде начини да ги замолчи.
Таквата форма, која своевремено успешно ја користеше лидерот на ДПА Мендух Тачи, со испраќање луѓе во новоформираните партии, кои непосредно пред изборите ја напуштаа новоформираната партија и се враќаа во „матичната“ ДПА, по се изгледа оваа тактика Али Ахмети доста успешно го користеше, особено последниве месеци, кога почна да ја мириса опасноста, малку од последователните скандали, а повеќе од спојувањето на сега наречениот опозициски фронт.
Првата опасност за Али Ахмети и неговата десна рака Артан Груби, беше моментот кога на политичката сцена се појави таканаречената „Огнена група“, која подоцна се приклучи на другите опозициски партии, а особено по доаѓањето на премиерот на Република Косово Албин Курти во посета на Северна Македонија, кој целосно ја заобиколи евентуална средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Оваа посета предизвика толкава врева што и денеска не престануваат реакциите, особено од Белград, Приштина, Тирана, Атина, но и од Софија. Ефектот од оваа посета го натера таканаречениот Опозициски фронт (Беса-Демократско Движење-Алтернатива), да се чувствува привилегиран во оваа прилика, во споредба со албанските партии на власт.
Токму стравот од овие нови политички околности, не многу поволни за ДУИ, го натераа Ахмети по којзнае кој пат да ја искористи „Тачистичката стратегија“! Впрочем, Ахмети ја игра (и ќе ја игра) оваа стратегија на менаџирање и контролирање на опозицијата и другите партии кои се формирани, по се изгледа ја игра, преку 3 столба:
– Бегството на членовите на одредени опозициски партии и евентуалното нивно приклучување кон албанскиот владин блок;
– Контрола на одреден дел од „партиското“ членство, преку „бизнис“ со казина и корупција, како и преку:
– Шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази, кој би можел да го користи принципот „стап и морков“ во однос на непослушните или „бунтовниците од опозицијата“, кои докажале дека можат да донесат многу вознемирувања и тешки ситуации за Али Ахмети.
Како функционира „Тачистичката стратегија“ која Ахмети успешно ја користи!?
Како функционира Али Ахмети преку спроведувањето на оваа стратегија покажуваат и доаѓањата и заминувањата или подобро кажано бегствата на членовите од една во друга партија, која полека но сигурно многу природно формира два политички блока.
Алијансата за Албанците е дел од владата Ковачевски, но на големо се зборува дека внатре во оваа партија врие, ситуација која веројатно нема да помине без внатрепартиски земјотрес.
Мендух Тачи со неговата партија ДПА, ќе остане на страната на владиниот блок, како и досега.
Али Ахмети изгледа добро ја изигра „Тачистичката стратегија“ во рамките на Движењето Беса и поранешната Огнена група, бидејќи во новите околности намириса опасност, затоа ги покани своите луѓе да ги организираат транзициите од двете опозициски партии кон владеачкиот блок на чело со ДУИ. Првично, Аријанит Хоџа и некои активисти кои до неодамна беа во Движењето Беса, му свртеа грб на Беса, со сигурност дека подоцна ќе се приклучат на албанскиот владеачкиот блок на чело со Али Ахмети. За оваа ситуација во Движењето Беса, се вели, голема заслуга има Муса Џафери, кој го чуваше својот линк до дадениот момент. Џафери одржувал контакт со Ахмети за сите случувања во Огнената група. Ахмети изгледа го „специјализирал“ Муса Џафери за оваа работа.
Ахмети и Груби се чини дека ја применуваат истата тактика со партијата Алтернатива, каде група незадоволни луѓе на чело со Зејд Реџепи, кој зад сцената се очекува да ја има поддршката од Аднан Исмаили, се очекува наскоро да му се приклучат на владеачите на Ахмети или евентуално на следните избори да се натпреваруваат во предизборна коалиција. Додека токму „Тачистичката стратегија“ во Огнената група го забрза формирањето на Демократското Движење и со оваа ситуација Ахмети и Џафери излегоа од контрола.
Значи, сите овие партиски бунтови (разделби, поделби и судири) се добро подготвено сценарио на двоецот Ахмети-Груби плус Џафери од зад сцената, а кои имаат само една цел: зајакнување на ДУИ во овие неповолни околности за Ахмети, како и евентуално слабеење на она што денес се нарекува опозициски фронт (Демократско Движење-Беса-Алтернатива). Дали и колку посетата на Албин Курти во Скопје и Тетово влијаело позитивно или негативно за опозицискиот блок или владеачкиот блок докажуваат хистеричните рељкции и испади на власта пред и после посетата на Курти.
Ахмети до пред околу еден месец-два се чувствуваше многу удобно контролирајќи ја политичката ситуација на терен, но и во опозицијата. Јавната декларација на трите партии (Беса-Демократско Движење-Алтернатива) дека влегуваат заедно во опозициски фронт, а особено посетата на господинот Курти, го натера Ахмети веднаш да ги активира резервните механизми и елементи во сите албански партии каде што може. Проценките се дека токму доаѓањето и заминувањето на членството и формирањето на нови мали партии, една по една, ја ПРОФИЛИРА АЛБАНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА НА ДВА БЛОКА, оној со Али Ахмети на чело, а другиот Гаши-Меџити-Касами. Се сеќавате дека Али Ахмети секогаш изјавуваше: НА АЛБАНЦИТЕ НЕ ИМ ТРЕБААТ ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ. Значи, денес има два политички блока, како што отсекогаш сакал и планирал! Кажано, завршено!
Кои се другите механизми преку кои Ахмети ја контролира политичката ситуација?
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во неколку изјави преку партиски соопштенија и јавни настапи на високи функционери ги обвини Артан Груби и Али Ахмети дека ги контролираат казината и дека се крајно корумпирани. Во овој контекст се споменуваше трговскиот центар „Соравија“, потоа „Коридорот 8“ со тајниот договор итн. Според аналитичарите и опозициските партии, менаџирањето на овие „бизниси“ и овозможува на ДУИ да контролира добар дел од своите членови и „партиски партизани“.На тој начин, доверливи луѓе на партијата се наградуваат и поттикнуваат…
Тогаш, во овој контекст, голема „продуктивна“ улога во битката со опозицискиот фронт може да има првиот човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, кој од неговата висока функција, можe да бара “причини” за дисциплинирање на непослушните и особено луѓето или лидерите на опозицискиот фронт или одредени поединци кои се дел од опозицискиот фронт.
Сепак, употребата на сите институционални и вонинституционални механизми, како и видливите и невидливите игри, покажуваат дека владеачкиот блок на чело со Али Ахмети е во состојба да ги искористи сите форми и методи во штотуку започнатата битка против опозицијата, иако денес политичките околности се многу променети, во однос на претходните изборни циклуси.
фЕЈЗИ ХАЈДАРИ аналитичар и сопсственик на Лајм






