Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода на лицето од с. Грчец, ќе ја продолжи истражната постапка против него. Лицето е последниот осомничен во предметот „Планина“ кој по наредба на обвинителството се бараше со централна потерница повеќе од три години заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица членови на две организирани криминални мрежи. Во тогаш спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина беа во бегство и за нив истрагата беше прекината до нивно пронаоѓање. Од септември 2021 година до август 2023 година четворица од осомничените меѓу кои и првоосомничениот беа се лишени од слобода, по што истражната постапка против нив продолжи. Единствено недостапно беше лицето кое во текот на вчерашниот ден беше уапсено.

Обвинетите се правосилно осудени на затворски казни од 3 до 8 години, на детето во судир со законот му беа изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години, додека за три лица беше донесена Наредба за запирање на истрага, од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје

Back to top button
Close