Паднатото либидо на локалниве „путинолози“0

Трогателно е да се гледа шокот и неверувањето низ коешто поминува дел од македонската (особено машка, православна, приближно средовечна) јавност заради неуспехот на Путиновата инвазија врз Украина во првиот месец од обидот Русите да ја „ослободат“ и „денацификуваат“ братската славјанска украинска нација, духовно падната и материјално заробена во демократските идеали на западната демократија. Толку надежи и симпатии, потајно и топла љубов, имаат вложено овие наши сограѓани, со години наназад, во ликот и делото на Путин, што просто не можат да веруваат дека на ваков мизерен начин тој нив ги остава „на цедило“! Толку кафеански кавги со пријателите на тема за супериорноста на Истокот, наспроти гнилежот на Западот… Толку одгледани телевизиски часови со восхит за великосрпските непокорни и храбри лидери… Толку запаленија на мускулите од веењето знамиња со ѕвездата од Вергина и реки потења под пластичните златни шлемови на Александар Македонски… Денови и ноќи поминати по фејсбук со пцовки и навреди против глобалистите, педерите, северџаните, ваксерите, шиптарите и прозападните курви предавнички… Толку тетоважи со крстови – „Па, што ако се украинските цркви постари од руските! И тие се руски!!!“ – и толку крстови пркосно обесени по ретровизорите (додуша, сите возат западни марки на возила, ама таа техничка „револуција“ одамна ги изеде своите деца)…

И сето тоа распрснато како меур од сапуница во лепливата пролетна украинска кал, кога ништо – ама баш ништо! – не оди според освојувачките планови на Путин. Разочараноста им е толку голема, што е претворена во прашање на одбрана на личната чест, семејната слава, сопственото либидо и елементарната самодоверба! Гневот ги тера да бараат употреба не само на уште посуперсонично, море и хемиско, туку и нуклеарно оружје, сега и веднаш! Трета светска војна? Па, што! Џабе ли толкава надеж инвестираа во Империјата што требаше славно да го возврати ударот!?

 

Ми личат овие наши сограѓани на оние очајни Германци при крајот на Втората светска војна кои до последен момент веруваа дека Хитлер само што не го употребил „тајното оружје“ со кое ќе ги сотре противниците и ќе ја поврати славата на Третиот Рајх. Некои од искрените ариевци, кои ја преживеаја таа војна, со години веруваа дека и воениот пораз, самата капитулација на фашизмот е мудар, привремен маневар на Фирерот, кој и своето самоубиство во бункерот само го одглуми за да ги залаже сојузниците и да се повлече на некоја супер тајна локација во Аргентина како би се реорганизирал, би се прегрупирал, а потоа повторно би удрил уште посилно и попобеднички во слава на национал-социјалистичките идеи. Цврц, ништо од тоа не бидна.

 

Что делает сега?

 

Па, за жал, ништо посебно. Оваа катастрофа може да трае со месеци, без победници. Сите чекаме да видиме уште колку Украинци и Руси ќе загинат во оваа бесмислена војна, уште колку украински градови ќе бидат срамнети со земја, за Путин да може да прогласи „победа“, по што веројатно ќе дојде до некакво примирје и договор за поделба, гаранции, повлекувања на трупите, демилитаризирани тампон-зони, привремени статуси…

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close