Синот на осудениот Боро Стојчев ги снимил со мобилен судијата и обвиниелот како му бараат пари да помогнат за татко му и ги пријавил

Со ветување дека можат да влијаат и да помогнат на обвинети и осудени, Георгиев и Мемети делувале во шема, а продавале и информации од кривични постапки за осомничени и за обвинети лица ибјави сдк мк

Според скромните информации од предистрагата, синот на осудениот ексградоначалник Боро Стојчев ги снимил со мобилен телефон како му бараат пари за наводно да му помогнат на татко му. Најверојатно веднаш ги пријавил, по што истражните органи обележале 10.000 евра, колку што барале судијата и членот на Советот на јавни обвинители како цена за услугата.

На тој начин, судијата Георгиев бил фатен во моментот додека ги зема бележаните пари од синот на осудениот.

Основниот кривичен суд Скопје чека Наќе Георгиев да биде донесен пред судија на претходна постапка, откако ноќеска Судскиот совет на итна седница му го одзеде судискиот имунитет и даде согласност за мерка притвор.

„Прибраните докази и извршените претреси до овој момент даваат законски основ на предметниот јавен обвинител да предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, додека во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување. Истрагата продолжува до целосна проверка на сите околности и наводи“, соопшти Обвинителството.

Back to top button
Close