Пакистанските спасувачки служби во состојба на готовност поради поплавите, досега загинаа повеќе од 150 луѓе


Спасувачките служби во Пакистан се во состојба на готовност за евакуација на жителите од крајбрежните области, а бројот на жртви од повеќенеделните монсунски дождови достигна над 150, јави ДПА.

Илјадници спасувачи и стотици чамци беа испратени во централната провинција Пенџаб откако реката Ин се излеа.

Најтешко беше погодена северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, каде поројните дождови и лизгањето на земјиштето беа причина за смрт на најмалку 57 луѓе.

Илјадници студенти ја пропуштија наставата во долините во близина на пакистанската граница со Авганистан и Кина.

Над 50.000 луѓе кои беа блокирани во долините на Хималаите сега се пренесени на побезбедни места.

Најмалку 154 лица, од кои половината деца, загинаа во различни инциденти во Пакистан од почетокот на сезоната на монсуните

Back to top button
Close