Пановски: Мислам дека го постигнавме имунитетот, но тоа не значи дека вирусот ќе го нема
Тие што имаат антитела, многу поретко имаат потешка клиничка слика. Голем дел од населението го прележале вирусот. Прележан човек многу ретко починува. Мојот податок е дека 15 луѓе починале од почетокот на пандемијата, а претходно го прележале вирусот. Бројот на вакцинираните не го кажуваат. Тоа не значи дека вакцините не штитат. Имаме сега една добра бројка од заштитени луѓе. Не е битен процентот, туку која категорија е заштитена. Сето тоа е оптимистички“ – вели д-р Никола Пановски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.
Докторот е со став дека „сме го постигнале принудниот имунитет, пред се кај младите. Имаме некој колективен имунитет, кој мора да е комбинација од прележаност и вакцина, кој нема да значи дека ќе го нема вирусот. За Македонија подносливо е ова што е сега, да не е над 200 дневно и мал број на хоспитализирани. Да не е бројот на хоспитализирани и на починати на дневно ниво над 5“.