Пановски: Прославите и свадбите ќе бидат проверка колкав е нашиот колективен имунитет

 

Организирањето на свадбите ќе биде една проверка колкав е нашиот колективен имунитет, вели  микробиологот Никола Пановски во интервју за „Локално“ по одлуката дека по повеќе од една година е дозволено организирање на прослави и свадби на отворено со ограничен број на гости.

-Треба да се внимава на хигиена на рацете, да не се користи ист прибор, посебно внимание треба при посета на тоалетите, во тие случаи треба да се носи маска. Се останато е на совеста на гостите, дали ќе се прегрнуваат, бакнуваат, итн. Се разбира дека и алкохолот ќе влијае на попуштање на дисциплината. Во секој случај ова ќе биде проверка колкав е нашиот колективен имунитет, вели тој.

Владата денеска го објави правилата по кои ќе треба да се организира една свадба.  Според протоколот на една маса ќе биде дозволено да седат по шест лица. Бројот на гости ќе се ограничи  на 50% од капацитетот на објектот, но не повеќе од 100 лица. На влез задолжително ќе се мери температура. Дозволена е жива музика но, само ако се прави свадба.

Back to top button
Close