Парични казни за седум лица кои се движеле за време на полициски час во Велес​

– Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање на казнен налог против седум лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Обвинетите, како што соопшти Јавното обвинителство, не ги почитувале прописите, односно го нарушиле полицискиот час, движејќи се пеш или со возила низ градот за време на донесената забрана за движење.

Обвинителството предложи за извршеното дело да им бидат изречени парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност​.

Back to top button
Close