Партијата на летонскиот премиер победува на изборите, покажуваат податоците на летонската ЦИК

epa10218428 Electoral officials count ballot papers during the Parliamentary elections in Riga, Latvia, 01 October 2022. Latvia holds the 14th parliamentary elections on 01 October 2022. EPA-EFE/TOMS KALNINS

– Либерално-конзервативната владејачка партија Ново единство на премиерот Кристијанис Каринш победи на парламентарните избори во Летонија одржани вчера,покажуваат податоците на Централната изборна комисија врз основа на преброени 95 отсто од гласачките ливчиња. Партијата доби 18,9 отсто.

Опозициската партија Сојуз „Зелени и земјоделци” освои 12,8 отсто од гласовите, а на трето место е новоформираната унија „Национална листа” која добива 11 отсто.

Од претходните коалициски партнери на Каринш во владата, само еден – национал-конзервативната партија „Национален сојуз” – сега исто така влегува во парламентот со 9,3 отсто. Останатите не успеаја да ја поминат бариерата од 5 проценти за влез во законодавниот дом.

За најголем губитник на изборите се смета и опозициската социјалдемократска партија „Согласност”, чиј солиден електорат главно доаѓа од руското малцинство во земјата. Партијата отсекогаш добивала пратенички места на претходните избори, но сега освои само 4,8 отсто од гласовите.

Во еднодомниот парламент на Летонија влегоа вкупно осум партии. Покрај коалицијата „Национална листа”, во парламентот влегоа уште три новоформирани партии.

Back to top button
Close