Партијата на Села се преименува во „Албанска лига“ Не планираат влез во влада
,,Денес не завршува, денес почнува сè“, изјави Зијадин Села на Петтиот конгрес на партијата, што отсега ќе го носи името Албанска лига. Обраќајќи им се на активистите, Села порача дека претстои многу работа и најави формирање на подограноци на партијата.

Тој истакна дека нема да останат пасивни и повлечени пред, како што рече, обидите за нарушување на правата, туку дека ќе одговорат со политичка активност и ангажман. Притоа, повторно ги нагласи своите ставови за актуелните политички теми во земјата, како и за можноста за влез во Владата.
Во продолжение на говорот тој испрати порака и во врска со шпекулациите дека неговата партија би можела да стане дел од Владата.
„Вратите на срамот никогаш не се затвораат. Тоа е врата на срамот. Низ таа врата Албанската лига и нејзините пратеници нема да влезат. Албанската лига и нејзиното наследство од Алијансата за Албанците знаат и да излезат од тие врати, како што покажале во минатото“, изјави Села.






