Пејачот Амар Исмани е починатиот во пукањето на „Пластичарска“

Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред полноќ се случи на Пластичарска.

Тажната вест ја потврдија од неговото семејство.

Во пукањето, на кое му претходела тепачка, повредени се и две лица.

Како што претходно соопшти МВР инцидентот бил пријавен доцна синоќа околу 23:40 часот.

Во 23 часот и 45 минути од Градската болница „Св.Наум Охридски“ соопштиле дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен 24-годишниот Т.А. од Скопје.

Во 23 часот и 51 минута од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени 19-годишниот О.Б. и 29-годишниот А.И. двајцата од Скопје.

Исмани починал 45 минути по полноќ

фото фејсбук

 

Back to top button
Close