Пеливанов: Боки 13 направил голема измама. Немало да успее без Ерцеговиќ, Ременски и Блажеска

Останувам во целост на обвинителниот акт, бидејќи во текот на постапката се докажа дека обвинетите ги сториле кривичните дела. Вака обвинителот Трајче Пеливанов го започна завршниот збор за случајот “Меѓународен сојуз”.

-Навидум станувало збор за хуманитарно здружение, но хуманитарност остана само запишана на хартија, а во реалноста се случи измама, истакна обвинителот Пеливанов.

Тој потсети дека здружението на Бојан Јовановски, имало и неколку хумани акции, но тоа било се со цел да се остави добар впечаток во јавноста, односно за да се случи почетокот на големата измама.

-Измамата била направена за задоволување на личните материјални интереси на Бојан Јовановски. Но оваа измама не можела да се оствари доколку покрај него не биле обвинетата Јасна Ерцеговиќ, Фросина Ременски и Христина Блажеска.

Се што правеле, правеле заедно. Односно, како ќе измамите некој да ви плати над 740.000 евра, ако не оставите сигурен впечаток дека станува збор за сериозни луѓе, истакна Пеливанов.

Тој посочи дека Боки 13 околу себе имал луѓе кои можел да ги манипулира, а кои се појавија како сведоци во судница.

Повеќе

 

 

Back to top button
Close