Пендаровски: Ако се влоши ситуацијата ќе одиме кон полициски час, а не кон вонредна состојба

Беше неопходно да се прогласи кризна состојба за да се овозможи подобро користење на сите ресурси на државата, вклучувајќи ја и Армијата, а вонредна состојба не е потребна затоа што сега има функционален парламент, вели шефот на државата

Ако се влоши ситуацијата со ковид-19, нема да одиме кон вонредна ситуација, туку кон рестрикција на движењето на граѓаните, односно полициски час, изјави претседателот СтевоПендаровски, појаснувајќи какви ефекти се очекуваат од прогласувањето кризна состојба.

Пендаровски рече дека прогласувањето кризна состојба било неопходно за да се овозможи подобро користење на сите ресурси на државата, вклучувајќи ја и Армијата, но и приватните здравствени установи за справување со коронакризата.

„Во овој момент Армијата нема повеќе простор да помага, ние користиме една правна основа во Законот за служба на Армијата и тоа не е доволно. Имаме 40-50 луѓе кои сега помагаат. За таа бројка да биде многу поголема мора да има кризна состојба, бидејќи според Законот за менаџирање со кризи, Армијата може да има поголема улога во подршка на полицијата само ако има криза или прогласена вонредна или воена состојба, рече Пендаровски во „Трилинг“ на ТВ 24.

Вонредна состојба, потенцира, не е потребна затоа што сега има функционален парламент.Претседателот потенцира дека прогласувањето на кризната состојба подразбира и можност државата во овие 30 дена да менаџира со приватните ресурси за справување со стуацијата, иако како што вели, можеби нема да има потреба за такво нешто .

Пендаровски оценува дека земјава не е единствена која има тешка епидемиолошка состојба, бидејќи, како што потенцира, тоа е случај во сите други земји. Смета дека за непочитувањето на мерките не треба да се обвинуваат само граѓаните, туку и институциите, особено за селективна примена на законите и санкционирањето.

Back to top button
Close