Пендаровски: Ковачев може да влезе како европратеник, но не и како приватно лице

Доколку европратениците сакаат да дојдат во Република Северна Македонија како дел од делегација на ЕП, тие се добредојдени, но во лично својство, без разлика кои се нивните мотиви, постои можност да им биде забранет влез во земјата, рече претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, пишува бугарска БТА.

На дискусија организирана од белградскиот центар за безбедносна политика на тема „Руска агресија против Украина: нов импулс за проширување на ЕУ“, Пендаровски рече дека на седница на Советот за национална безбедност одржана на почетокот на годината, пред одбележувањето на годишнината за смртта на Гоце Делчев, на која се очекуваше да пристигнат луѓе од Бугарија за да му оддадат почит на Делчев, од безбедносните служби имаше информации дека постои можност за провокации и лица кои не треба да се пропуштаат во земјава.

„Имавме сеопфатни информации. На некои луѓе не им беше дозволен влез во земјата. Оценуваме која личност, во која прилика, не треба да биде примена, вклучително и некои европратеници. Вакви лица кои покажуваат иредентистички ставови кон нашата држава нема да бидат примени. Не можете да се криете зад вашиот формален статус“, истакна Пендаровски.

Back to top button
Close