Пендаровски поддржува горивата да поскапат 3.5 денари: Мораме да имаме еколошки такси

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“, запрашан дали ќе го потпише законот за еколошка такса, рече дека мора да се воведат одредени еколошки такси ако сакаме да имаме чиста животна средина.

–За жал, ќе мораме да одиме со одредени видови на еколошки такси. Тоа е тренд во Европа. Заштитата на животната средина значи многу пари. Ние ќе имаме огромна помош од ЕУ во овој дел и пред да станеме членки, меѓутоа самите не можеме да го истераме тоа, рече Пендаровски, додавајќи дека не постои земја – членка на ЕУ која ја намалува еколошката такса.

Смета дека многу е подобро сега да се вложи во овој дел за да во иднина има помалку човечки жртви од загаденост на животната средина.

– Во 2019 година официјалните податоци беа дека само од загадување на воздухот околу три илјади наши граѓани ги изгубија животите, потсети Пендаровски.

Back to top button
Close