Пенов: Општините пропуштаат проекти од 50 милиони евра поради банални причини

Ние не успеваме стопроцентно да ги искористиме парите што ни доаѓаат од ЕУ поради нашите слаби стручни и административни капацитети, вели министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во интервју за „Слободен печат“ и Цивил.

-Покрај тоа поголемиот дел од европските пари кои доаѓаат преку проекти не се искористуваат поради испуштени можности. Таков пример се парите за реконструкција на улиците во општините кои се реализираат и треба да се реализираат преку Министерство за транспорт и врски. Тоа се цели 50 милиони евра за, три години, а досега се реализирани само 19 илјади поради многу банални, административни причини, како на пример, општината немала дозвола, не направила експропријација, не го предвидела тоа во својот буџет итн., појасни Пенов.

 

Тој додаде дека за да се има успех потребно е да се има и стручни и обучени кадри и токму затоа некои проекти не може да се реализираат.

-Еве пример за проектот „ЕУ за општините“ во кој учествуваат осум општини со вредност од 10 милиони евра преку кој Скопје треба да добие машина за градежен шут, за да не правиме депонии, туку градежниот шут да се меле и како таков материјал, според стандардите, да се користи за квалитетна подлога при изградба или реконструкции на улици, тротоари, паркинзи, ние имаме реализирано само 300 илјади евра и тоа само во општина Врапчиште. Сè друго е реализација нула. А, дополнително, за да се имплементира, да се реализира овој проект, ЕУ ангажираше и консултант кој живее во Скопје, а веќе три години откако го добила тендерот во Брисел, само за во конкретен мониторинг, шпанска фирма годишно наплаќа по 900 илјади евра“, посочи Пенов.

Back to top button
Close