Пензионер украл паричник од врсник во Гостиварската болница

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Х.(70) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „навлегување во компјутерски систем“.
На 11.11.2025 во Општа болница во Гостивар, пријавениот одзел паричник на И.П.(69) во кој имало 15.000 денари, лични документи и банкарска картица, по што подоцна од банкомат на банка во Тетово ја злоупотребил банкарската картичка и во два наврата подигнал 41.600 денари, со што нанел вкупна штета од 56.600 денари.






