Песков: Нема договор за состанок меѓу Путин и папата Франциско

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков кажа дека нема договор за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и папата Франциско.

– Ваквите иницијативи се спроведуваат преку дипломатските служби. Договор за таква средба не е постигнат, рече Песков и оцени дека таква средба не е неопходна, пренесува ТАСС.

Претходно папата Франциско изрази подготвеност да дојде во Москва за да се сретне со Путин и да разговара за настаните во Украина.

Back to top button
Close