Петко Дојков: Ако продолжи говорот на омраза ќе биде тешко да се водат разговори меѓу Софија и Скопје

Причината за однесувањето на Бугарија во врска со стартот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ се должи на неисполнувањето на Договорот за добрососедство, изјави бугарскиот заменик министер за надворешни работи Петко Дојков.

– Нашите односи отсега ќе продолжат да изгледаат како односи меѓу две соседни земји. Една која веќе подолг временски период вложува големи напори да ја поддржи втората, а друга која аплицира за членство во ЕУ – нагласи Дојков во изјави за „Денот ОН ЕР“.

Според Дојков, постои голема доза на внатрешна политика во недоразбирањето на Бугарија со Северна Македонија.

– Акцентот на дискусиите секогаш е насочен кон Бугарија. Постојат две гледишта. Едното е нашето, второто е на Скопје. Според Скопје, има напредок ако се направи споредба со другите слични историски комисии. Но, нашето мислење е спротивното. Имаме одредени очекувања. Наше мислење е дека работата на оваа комисија еднострано прекината, а резултатите што се постигнати не се официјално реализирани, додаде Дојков.

Заменик шефот на бугарската дипломатија оценува дека учебниците во земјава имаат содржини „што не одговараат на сфаќањата“ на Бугарија.

– Во нив има говор на омраза. Причината за нашето однесување во последните месеци е поради неисполнување на договорот. Се започна со тоа. Бугарија не го запре процесот, не стави вето. Она што го очекуваме од Северна Македонија на прво место е да се врати довербата меѓу нашите две земји. Второ, очекуваме да се смириме. Ако ова продолжи, ќе биде тешко да се водат разговори меѓу двете земји – рече Дојков.

Според него, секој документ мора да се реализира со одредени постапки, нешто што, како што вели, се нарекува „спроведување на договор“.

Back to top button
Close