Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра – пари на синдикалците од членарина

Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците кои од својата плата ги даваат за членарина, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Петрушевски вели „Лажната скромност на синдикалците како Трпе Деаноски од УПОЗ излезе на виделина. Додека во Македонија вели дека се мали платите и дека се борел за поголеми плати, дека граѓаните живееле во сиромаштија и мизерија, Трпе Деаноски во Црна Гора се луксузира на трошок на неговите синдикалци“.

„Трпе Деаноски, претседател на синдикатот на УПОЗ и дел од раководството на ССМ, ги троши парите од членарината на синдикалците за луксуз, шетање и организирање на спортски игри. Трпе Деаноски преку синдикатот на УПОЗ организирал луксузни спортски игри, кои траеле 4 дена, но не во Скопје, Охрид, Дојран или Струмица, туку во атрактивното туристичко место Чањ, во Црна Гора. На Трпе Деаноски мала му е Македонија и нашите туристички капацитети, па затоа одлучил спортските игри на УПОЗ, кои многупати се одржувале во Македонија, овој пат да ги одржи во Црна Гора и за тоа да потроши над 60.000 евра“ порача Петрушевски

Back to top button
Close