Пленковиќ: Не одиме на инаугурацијата на Милановиќ
Ден по поразот на Драган Приморац во вториот круг од претседателските избори, се состана претседателството на ХДЗ и, како што најави лидерот на партијата и премиер Андреј Пленковиќ, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Зоран Милановиќ,новиот/стар претседател на државата.
„Нема да дозволиме да бидеме во ситуација да мораме да го слушаме Милановиќ како дава заклетва за Уставот, што потоа го прекршува. Донесовме одлука да не одиме на инаугурацијата. Тоа е политички став. Некој со месеци го крши Уставот и не дозволува началникот на Генералштабот да дојде во парламентот“, изјави Пленковиќ по седницата на Претседателството на ХДЗ.
Милановиќ не честиташе ниту во 2016, 2020, ниту 2024 година, нагласи тој.
„Нема да честитаме, а поради кршење на Уставот нема да се изложуваме на слушање заклетва“, рече Пленковиќ, додавајќи дека ниту тој, ниту претседателот на Собранието нема да присуствуваат на инаугурацијата.
Тој рече дека на денешната средба не се зборувало за одговорност, туку за тоа што можеме да се направи во иднина.