Шпанија ја победи Аргентина и го освои Светското првенство 2026


Шпанската репрезентација го освои Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Во финалето, Шпанија ноќва ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија. Феран Торес го постигна единствениот гол во 106. минута, по асистенција на Нико Вилијамс. Двајцата играчи влегоа како резерва за време на натпреварот.

По основните 90 минути резултатот беше нерешен 0:0. Шпанија доминираше во текот на сите 120 минути и сосема заслужено го освои трофејот.

Шпанија го освои Светското првенство по втор пат во својата историја (првпат во 2010 година), изедначувајќи се со Франција и Уругвај по бројот на трофеи. Бразил има пет титули, Германија и Италија по четири, Аргентина остана на три.

Аргентина го загуби финалето на Светското првенство по четврти пат во својата историја.

Back to top button
Close