Уапсениот Давор Мацура е газда на Алта Осигурување: Дали по банкарскиот, ќе се разниша и осигурителниот сектор?

Давор Мацура, сопственикот на Алта банка и бизнисмен кого српските медиуми го поврзуваат со Српската напредна странка, бил приведен во текот на ноќта.

Според објавата, на приведувањето му претходел полициски претрес во просториите на Алта банка, кој почнал во саботата и траел повеќе од 30 часа. Веста доаѓа по одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа на банката во негова сопственост, Алта банка АД Белград и компанија која е најголем акционер на посебното правно лице Алта банка АД Битола.

Контроверзниот српски бизнисмен Давор Мацура неодамна влезе во осигурителниот бизнис и бизнисот со недвижнини за што пишуваше и „Фокус“.
За нешто околу 1,7 милиони евра пред 6 месеци го купи битолското осигурително друштво ЗОИЛ Македонија. Друштвото го смени името, седиштето и сопственичката структура, а со дополнителна докапитализација основната главнина е зголемена на 4,3 милиони евра. Друштвото работи под името Алта Осигурување АД Скопје. Централата од Битола се пресели во Скопје, на булеварот 8-ми Септември.

Српскиот бизнисмен Давор Мацура се стекна со 100 насто од акциите со право на глас и е единствен акционер на осигурителната компанија.
Промените уследија откако во април годинава беше реализирана блок-трансакцијата преку која беше извршена купопродажба на целиот пакет од 60.000 акции, во износ од 104.881.800 денари, односно околу 1,7 милиони евра.

Српската Алта Група на Давор Мацура не се задоволi само со банкарство, лизинг, платни услуги и осигурување во Македонија, туку го мерка[e и пазарот на недвижности. Во текот месец август во Скопје е одобрена регистрацијата на новата компанија за недвижен имот „Алта Реал Естате“.
Сопственик-основач е Алта Група со дејност „изнајмување и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот под закуп (лизинг)“. За управител е именувана Татјана Бундаo

Ова не е прва голема инвестиција на Давор Мацура на македонскиот пазар. Алта банка Белград претходно го презеде мнозинскиот удел во Стопанска банка АД Битола, која сега работи под името Алта банка АД. Според податоците на Македонската берза, Алта банка Белград го зголеми својот удел во сопственоста на повеќе од 95 проценти на почетокот на 2026 година.

Алта банка АД Битола од вчера е под управување и контрола на Народната банка на Македонија која воведе мерки за ограничување на подигнувањето на средства во кеш и бара инвеститор кој ќе ги презеде акциите на српската банка на која пак и беше одзедена дозволата за работа од Народната банка на Србија.

Back to top button
Close