Села бара Обвинителството и МВР да реагираат по објавата на градоначалникот на Бутел


Албанската лига, преку претседателот Зијадин Села, реагираше на објавата на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, оценувајќи дека во неа биле упатени индиректни закани кон Села и била употребена неприфатлива реторика.

Од партијата наведуваат дека ваквиот начин на комуникација е недозволив во демократско општество и порачуваат дека нема да отстапат од своите ставови за унапредување на положбата на Албанците во Македонија.

„Никој не се плаши од тебе“, се наведува во реакцијата, во која Албанската лига ги повикува Јавното обвинителство, МВР и другите надлежни институции итно да постапат по службена должност и да ја испитаат изјавата на Костовски. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close